ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Во Атина вечерва гласање за Договорот од Преспа

Втор и последен ден продолжува дебатата за ратификација на преспанскиот договор во грчкиот парламент. Се очекува гласањето да се одржи во текто на ноктга. Пратенците на Сириза и Нова демократија денеска останаа цврсто на своите партиски линии, за и против догворот. Но, еден по еден се огласија и оние од помалите партии кои одлучија да се приклучат на мнозинството на Ципрас за да помине спогодбата

-Јaс ќе го поддржам Преспанскиот догвор. Мислам дека тој е почеток на една нова ера. Сепак има многу отворени прашања. Времето ке покаже дали овој договор е историски оддржлив.

Расправата во парламентот од блиску ја следат и во Грција , но и надвор од неа. Европската Комисија веднаш се огради од ставовите на еврокомесарот за миграција Аврамопулос дека преспанскиот догвор е проблематичен и небалансиран. Го потсетија дека комесарите на ЕУ имаат должност да бидат национално и партиски неутрални според Повелбите на Унијата. Германската ЦДУ на Меркел ги повика пратениците на Нова демократија да гласаат за договорот. Германските парламентарци им порачаа на грчките колеги дека влегувањето на Македонија во НАТО ке значи и поголема безбедност за Грција, а ке биде од корист и за цела Европа. За разлика од повици, поранешниот премиер Костас Караманлис во пишана изјава им порача на пратенците да не брзаат со ратификација на догворот бидејки Грција ке биде губитник од исходот.

Критиката на Нова демократија за конкретниот договор е силна и целосно поткрепена со докази. Особено кога целиот процес на преговори беше во услови на неоправдано брзање и кога, очигледно, други се оние на кои им е итно да се реши ова прашање. Но, сигурно тоа не е Грција, напиша КАраманлис.

Во ваква навивачка атмосфера, синока беше нападнат домот на пратеничката на Сириза Теиодора Цакри, а акропол осамна со пароли поставени од комунистичкиот подмладок во кои се вели не за догворт Заев –Ципрас и плановите на САД-ЕУ и НАТО.

За попладневните часови е најавен и протест во организација на Комитетот за одбрана на Македонија. Парламентот уште од раните утрински часови е под силно обезбедување на пполицијата, која стравува дека ке се повторат насилствата од претходните демонстрации.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.