ВО АПТЕКИТЕ НА ЗЕГИН ЛАНИ СМЕ ОСТАВИЛЕ 49,5 МИЛИОНИ ЕВРА

ПАРИ АНАЛИЗА (АПТЕКИ) | Корона кризата, болните од Ковид, паниката кај граѓаните им ги наполнија сметките на аптеките. Едно четирчилено семејство заболено од Ковид кое се лечеше во домашни услови трошеше најмалку 500-ини евра за лекови. Граѓаните ги полнеа своите полици со разно разни витамини, антибиотици како резерва и се што сметаа дека би им помогнало полесно да го поминат вирусот. Од друга страна сопствениците на аптеките ги броеја профити од продажбата на лекови.
Според податоците на порталот Пари во соработка со бизнис платформата БизнисМрежа.мк она што е за одбележување е што во листата на ТОП 10 аптеки кои оствариле најголем приход минатата година, сите без исклучок оствариле поголем приход од 2019 година. И кај добивката ситуацијата е слична, сите тие ја завршиле годината со зголемен профит освен последната кај што има мал пад.
Вкупно 10-те најголеми аптеки во земјава минатата година на сметка генерирале вкупен приход од 131 милион евра и добивка од 2,1 милион евра.