ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Во Америка уште 5,2 милиони луѓе останаа без работа, 22 милиони за еден месец

Во САД во последната недела уште 5,24 милиони луѓе останале без работа, вкупно 22 милиони од почетокот на кризата со коронавирусот.

Откази и понатаму има многу, но во последната недела помалку луѓе се пријавиле за надомест за невработени отколку во последните две недели. Пред две недели без работа останаа 6,9, а минатата недела 6,6 милиони луѓе. Американската банка предвидуваше дека и оваа недела ќе има над шест милиони невработени па резултатот е нешто подобар од недела претходно, но бројката веројатно е многу поголема бидејќи тука станува збор само за работници кои имаат право на надомест, статистиката според која се одредува невработеноста.

Стапката на невработеност во САД помина 15 отсто, иако според некои пресметки е поголема и од 17 отсто. Пред почетокот на кризата изнесуваше 3,5 отсто, а за време на Трамповата администрација за првпат по 50 години падна под 4 отсто. Но целиот економски раст остварен во последните десет години е збришан за само неколку недели поради пандемијата на коронавирусот.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.