ВОНРЕДНА СРЕДБА: Шокантна одлука на Православната грчка црква за украинската
На вонредна средба Православната грчка црква го прифати барањето на Вселенската патријаршија. Имено, ГПЦ ја прифати автокефалноста на украинската православна црква.
Хиерархијата, составена од 80 епископи, ја призна новата автокефална црква. Седум митрополити побараа да се одложи одлуката.
Поглаварот на грчката православна црква, архиепископот Јеронимос, сега ќе го спомне и во своите молитви поглаварот на украинската црква.
Според информациите од седницата, епископите гласале со акламација за предлогот на Јеронимос за признавање на автокефалноста на украинската православна црква
Весникот Катимерини на својата веб-страница пишува дека на средбата Јеронимос бил известувач на оваа тема, што ретко се случува, укажувајќи дека станува збор за „одлука од посебна политичка вредност, јасна порака за поддршка за Вселенската патријархија, испратена во сите правци“.
Препораката на Архиепископот за признавање на автокефалноста на украинската црква се засноваше на препораките на две надлежни комитети на Хиерархијата, кои сугерираа да се признае автокефалноста, како во времето на повторното основање на Црквите во Албанија и Чешка.
Јеронимос истакнал дека украинската црква отсекогаш била во канонска јурисдикција на Вселенската патријаршија, која се откажала од тој авторитет, со цел украинската црква да се приклучи на Друштвото на автокефални православни цркви, иако чинот бил оспорен од московската патријаршија.