Вознемирувачко видео: Две момчиња од Штип тепаа девојка која признала дека е бремена
Оваа видео снимка ја потресе јавноста. Две момчиња брутално тепаат девојка и сето тоа го снимаат со мобилен телефон. Настанот се случил на влезот во една зграда. Од снимката се гледа дека станува збор за млада девојка. Причините за овој вознемирувачки настан сè уште се непознати, но на видео снимката се слуша како таа вели дека е бремена од едно од момчињата, на што и возвраќа дека лаже. А, потоа физички ја напаѓаат.
Веднаш по објавувањето на видеото, реагираа властите. Од МВР велат дека се идентификувани лицата од снимката и дека се приведени.
„Во врска со видеото кое утрово се споделуваше на социјалните мрежи, ја информираме јавноста дека од страна на Секторот за внатрешни работи Штип преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицата и тие се лишени од слобода. Станува збор за С.А и П.Р.“, велат од МВР.
За овој случај е известено и Јавното Обвинителство и Центарот за социјална работа. Од ЈО Штип информираат дека е отворен предмет.
„Основното јавно обвинителство во Штип отвори предмет по допрен глас откако на социјалните мрежи и медиумите беа објавени видео записи во кои се гледа насилство извршено над едно лице“, велар од ОЈО.
По објавувањето на видео записот имаше многу реакции, а со своја реакција излезе и Хелсиншки комитет. Двете момчиња од Штип во моментов се во притвор.