ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Возачите на ЈСП нема да возат ако не добијат плата за септември, од претпријатието велат дека ќе им биде исплатена во наредните денови

Од раководството на ЈСП преку соопштение побараа централната власт и дел од општините да ги исплатат заостанатите обврски што ги имаат за испорачаната услуга од страна на ЈСП за организиран превоз за одредени категории патници – средства со кои се исплаќа платата за вработените во ЈСП

Автобусите на Јавно сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ од утре може да престанат да сообраќаат доколку на возачите, сервисерите и одржувачите не им биде исплатена септемвриската плата до 14 часот денеска.

За ова денеска на предупредувачки протест информираа вработените и синдикатите при ЈСП „Скопје“ кои истакнаа дека на 7 октомври ја известиле градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, дека доколку на 15 октомври не им биде исплатена платата ќе следува прекин на работата.

Во меѓувреме, од раководството на ЈСП преку соопштение информираа дека нема да дозволат скопјани да останат без јавен превоз, а дека на вработените ќе им биде исплатена платата за септември во наредните денови.

Оттаму побараа централната власт и дел од општините ќе ги исплатат заостанатите обврски што ги имаат за испорачаната услуга од страна на ЈСП за организиран превоз за одредени категории патници – средства со кои се исплаќа платата за вработените во ЈСП.

„Очекуваме дека час поскоро ќе ги подмират минатогодишните долгови и тековните обврски како не би се довела во прашање редовната работа на претпријатието“,

посочуваат од ЈСП.

Оттаму додаваат дека во изминатите пет месеци и покрај сите околности и мултимилионски долгови во кои е затекнато претпријатието, актуелниот в.д. директор успеал за краток временски период да реши повеќе затекнати проблеми.

„И покрај тешката ситуација, на која никој во државата не остана имун, работиме за јавниот превоз да продолжи да функционира без проблеми во интерес на сите негови корисници. Во меѓувреме, и покрај сите околности, економската криза и константниот пораст на цената на горивата, висината на цената на билетите остана иста, а нема редукции на возниот ред“,

заклучуваат од претпријатието.
Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.