ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже веднаш од техничка влада, доколку криминалната партија ДУИ нема технички премиер, а СДС има храброст на ДУИ да му рече доста е

Би било срам за државата, партија од типот на ДУИ, каде криминалот со СДС им е секојдневие, да има технички премиер. Затоа ВМРО-ДПМНЕ е спремно веднаш да се откаже од техничка влада, доколку се откаже ДУИ од технички премиер, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ДУИ е партија, која е синоним за криминал во Македонија, партија каде нивниот претседател Али Ахмети, приграби милиони, за себе и своето семејство и има внуци со „претприемачки дух“, кој купува вредни имоти во центарот на Скопје од 30 милиони евра. Партија каде Артан Груби отвора коцкарници, со матни типови од Бугарија, брат му купува дуќани во строгиот центар на Скопје, хотели на Попова Шапка, а тука се и милионските кирии, кои ги плаќа Лотарија. Партија каде, Бујар Османи, дели милионски тендери на донатори на партијата, а директорот на Градежниот инспекторат Фатмир Арифи, откако го прекрши законот и не го пријави својот имот, ги обвини вработените од човечки ресурси дека биле криви. Ваква потоната партија во криминал, не смее да има обичен чиновник во владата, а камоли технички премиер“, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.