ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВМРО ДПМНЕ ќе го поддржи Максим Димитриевски во Куманово

ВМРО ДПМНЕ го повика членството да му даде поддршка на Максим Димитриевски за вториот изборен круг во Куманово.

Одлуката е донесена на седница на  Извршниот комитет на партијата кој се одржа во Охрид.

Реафирмирана е соработка и со Алијанса на Албанците и Алтернатива. Усвоен е проглас чија цел е да се сруши актуелната власт а Заев да си замине од премиерската функција.

“Секаде каде има кандидати кои се борат против власта, вклучувајќи го и Куманово, ние ќе дадеме поддршка. Повикуваме на заедништво, слобода и обединување во заедничката цел без разлика на етничката, верска припадност.Повикуваме на обединување на сите сили против власта.Таквото обединување значи масовна мобилизација на граѓаните кон подобра иднина.” – тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

Се мобилизира и владејачката коалиција. СДСМ ќе го поддржи ДУИ во вториот изборен круг во сите општини каде немаат свои кандидати за градоначалници а за Тетово оставаат можност граѓаните по сопствена воља да го дадат својот глас за еден од коалициските партнери, Теута Арифи од ДУИ и Билал Касами од Беса.

Лидерот на партијата Зоран Заев е убеден во повикот за обединување на коалициските партнери ќе даде резултат.

До крајот на изборната кампања остануваат уште 6 дена.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.