ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВМРО-ДПМНЕ со три услови за лидерската средба Ковачевски – Мицкоски

Три услови за една средба. Ковачевски предлага дијалог и договорање решенија барем за кризните прашања, но Мицкоски не прифаќа други теми доколку како прва точка не се разговара за предвремени избори.

ВМРО ДПМНЕ ја условува лидерската средба со дневен ред од три точки.

-Поканата ќе биде прифатена под услов на средбата Ковачевски-Мицкоски да се разговара за предвремени избори, како единствено логично решение за излез од сегашната длабока криза во која се наоѓа државата, да се разговара за содржината на одговорите што Македонија `и ги дала на Софија во прашалникот 5+1 како и за теми поврзани со сузбивање на криминалот и корупцијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Избори нема да има“, одговара СДСМ. Објаснуваат дека во ек на криза треба да се разговара и во Собранието заедно да се гласа за надминување на економските предизвици и финансиска поддршка на граѓаните, додека избори би значеле нов трошок, нова неизвесност и нов застој на целата економија. СДСМ смета дека Мицкоски не ја разбрал или не сакал да ја разбере суштината на поканата за средба, иако му била најавена во телефонски разговор дента кога тој бил реизбран, а Ковачевски избран за нов лидер.

Последната средба на лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ од март минатата година беше конструктивна. Мицкоски и Заев се договорија за одблокирање на Собранието и заедничко изгласување на антиковид мерките, одложување на пописот од април за септември, а ја утврдија и процедурата за гласање со отисок од прст на редовните локални избори.

За предвремени парламентарни избори, двете партии имаат спротивставени мислења.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.