ВМРО-ДПМНЕ смета дека со ребалансот не треба да се кратат парите за земјоделците
![](https://edo.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/knigi.jpg)
Владата со ребалансот на Буџетот крати 20 милиони евра од ставката за рурален развој од буџетските средства на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа според нив се пари за унапредување и модернизација на земјоделството, ветени од СДСМ а не реализирани. Освен тоа, како што велат од партијата, власта крати и 1.5 милиони евра и од ставката за водостопанство.
„ Ако финансиска поддршка во земјоделството, како што неодамна објавивме е во минус од 65 милиони евра, а со ребалансот не се одвојуваат пари за земјоделието, тоа значи дека земјоделците и понатака ќе ги чекаат ветените субвенции“, рече на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Опизициската партија ја обвини власта дека додеа земјоделците мака мачат како да најдат откуп и ги чекаат ветените субвенции и мерките за дополнителна помош, таа на министерството за земјоделствот со ребалансот и предвидува дополнителни 25.000 евра за купување на мебел и нови 150.000 евра за купување на автомобили