ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВМРО-ДПМНЕ системски го уништуваше образованието, наставниот процес во државата тече непречено во услови на пандемија

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно шири невистини, овој пат за образованието. Вистина е дека образовниот процес во државата се одвива непречено, како учењето на далечина, така и наставата со физичко присуство на учениците и наставниците, со почитување на мерките за заштита.За потсетување, време е на пандемија, и во такви услови речиси 90% од учениците без проблем следат онлајн настава, а за преостанатите тече настава на националната телевизија, додека не се решат техничките проблеми и проблемите со ИТ опремата.ВМРО-ДПМНЕ се последните кои имаат право да зборуваат за образованието. Тоа е несериозно, и неодговорно по 11 години систематско уништување на образованието на секое ниво.СДСМ создава образовен систем, којшто ќе ја движи државата напред и го враќа достоинството на наставниот кадар. Затоа во изминатиот мандат ги покачивме платите за 21% на наставниците и учителките, за 31% на негувателките и воспитувачките.Од друга страна никој во државата не знае колку чинеше најголемата инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ  во образовниот систем и каде завршија компјутерите кои беа за секое дете што вредеа десетици милиони евра, бидејќи кај учениците не завршиле воопшто.Ова е потврдено и од Државниот завод за ревизија каде во извештаите јасно стои дека компјутерската опрема не била евидентирана, ниту пак бил почитуван законот за предавање на опремата на училиштата.Деструкција, заштита на криминалот и неодговорно однесување, тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ го нуди. Затоа е во опозиција и затоа уште долго ќе остане таму.“

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.