ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВМРО-ДПМНЕ размислува за импичмент на Пендаровски

„Вонредните состојби не беа искористени за справување со пандемијата туку за богатење на одредени функционери на СДСМ, со кои соучесник е и претседателот“. Со ваков став, ВМРО-ДПМНЕ најави дека во Собранието нема да ги поддржи одлуките на Пендаровски за тримесечна вонредна состојба, а размислува да поведе и постапка за импичмент.

За импичмент се неопходни 80 гласа во Собранието, исто колку и за потврдување на вонредната состојба. За СДСМ, одбивањето да се гласа за одлуките на претседателот, е неодговорно и несериозно, но не може да предизвика сериозни правни последици.

Заев го потсетува опозицискиот лидер Мицкоски дека двајцата барале Пендаровски да прогласи вонредна состојба.

Од ДУИ потсетуваат дека ВМРО-ДПМНЕ беше дел од Пржинската Влада и учествуваше во носењето на владините уредби.

Вчера на собраниска седница беа ставени за потврдување петте одлуки на Пендаровски. Според Уставот, одлука за вонредна состојба носи Собранието со двотретинско мнозинство. Претседателот може да прогласи во услови кога Собранието не може да се состане. Ова беше токму таква ситуација бидејќи Парламентот беше распуштен во февруари заради предвремени избори првично договорени за април.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.