ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека 12 закони се поднесени со европско знаменце

Власта го злоупотребува европското знаменце со намера да протне 12 закони за кои нема да има суштинска дебата – обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 

Најавија дека ќе го блокираат Собранието доколку продолжи ваквата пракса на власта. Координаторот на пратеничката група Мицевски вели за нив е спорно што сите закони се обемни и не биле во согласност со европската регулатива.

Ако се стремиме кон Европската Унија, треба да се прилагодиме на нивното законодавство- одговорија од СДСМ. За владејачката партија нема ништо чудно во примената на европското знаменце, а можната блокада на Собранието од опозицијата сметаат дека е апсурдна.

Меѓу поднесените со европско знаменце се законите за опојни дроги, законот за трговија, парнична постапка, за лекови и законот за минерални суровини, а за во четврток се закажани и дел од комисиите за расправа.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.