ВМРО-ДПМНЕ: Кога Рускоска ќе ги повика Заев и Шекеринска
Кога обвинителката Вилма Рускоска ќе ги повика премиерот Зоран Заев, вицепремиерката Радмила Шекеринска и пратеничката Фросина Ременски и нејзиниот сопруг за да дадат исказ за случајот „Рекет“, прашуваат од опозициската партија.
Од таму велат дека Рускоска ја потврдила веродостојноста на записникот од пријавата на оштетениот во „Рекет“ Орце Камчев, па функционерите наСДСМ кои се споменати во него наместо со тужби за медиуми, треба да ја откријат нивната улога во оваа афера.
Од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму тврдат дека обвинителството не постапува темелно и доволно брзо во случајот „Рекет“ и бараат одговорност од Рускоска за тоа.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: