ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВМРО-ДПМНЕ: Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, Заев и Филипче да не се кријат од јавноста

ВМРО-ДПМНЕ изразува големо жалење во врска со огромната трагедија и загубата на животи на наши сограѓани во текот на пожарот во модуларната болница во Тетово, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на починатите во ужасната трагедија и искрено желби за брзо закрепнување на сите повредени од синоќешната страотна катастрофа. Воедно сакаме да потенцираме дека е важно институциите да го истражат до крај причинителот и да се утврди одговорност, која не смее да изостане, истакнуваат од партијата.

Целосно разбирајќи го револтот на граѓаните и на тетовчани, aпелираме во овие тешки моменти министерот Венко Филипче и премиерот Зоран Заев да не се кријат од јавноста и да излезат со точни податоци и проценки за состојбата. По 12 часа од несреќата не се знаат првичните индиции, ниту пак бројот на жртви. Oтсуството на систем запрепастува, додаваат од таму.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.