ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВМРО-ДПМНЕ: Економското цунами и рекетот на власта секојдневно ги осиромашува граѓаните

Криминално рекетарската влада на Зоран Заев и СДСМ е елементарна непогода за македонската економија. Зоран Заев и СДСМ наместо животот кој го ветуваа за три години донесоа беда и крпен живот за граѓаните на Република Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Погрешните економски политики, но и зголемените даноци на СДСМ донесоа огромна штета на граѓаните и бизнисите во земјава. Економското цунами како и рекетот кој го спроведува власта секојдневно ги осиромашува граѓаните, ги уништува бизнисите и ги одвраќа инвеститорите.

Во ситуација кога регионот бележи економски подем и рекорден раст на странски директни инвестиции, Македонија со СДСМ има рекорден пад од 84,2% за периодот јануари – јуни споредени со минатата година. Македонија со СДСМ во првата половина на 2019 година има ниски 48,7 милиони евра странски инвеститори, додека пак  Србија има 1,7 милијарди евра, Словенија 561 милион,  а Бугарија 286 милиони евра. Тоа значи дека по глава на жител Бугарија е 2 пати подобра од Македонија, Словенија 11 пати, а Србија дури 22 пати подобра од Македонија.

Погрешните мерки на власта се одразија и во индустријата каде за само една година имаме пад на бројот на работници  од 2,5%, односно на 100.000 работници Македонија има 2.500 помалку.

Капиталните инвестиции повторно се на најниско ниво и изнесуваат само 24,5%, но затоа пак долгот е на највисоко ниво и тој надмина 5 милијарди со што ја надмина психолошката граница од 50% од БДП.

СДСМ ги троши највисоките буџети во историјата на Република Македонија, а немаат направено  никаков развоен проект кој ќе ја подигне економијата и граѓаните немаат видено никаков бенефит.

Граѓаните наместо да стануваат побогати власта постојано ги прави посиромашни со тоа што им ги зголемува давачките, даноците и секојдневно ги ограбува преку непотизам и наместени тендери, грантови кои завршуваат кај криминалците блиски до Зоран Заев и врхушката од власта.

СДСМ и Зоран Заев единствено покажаа дека знаат да крадат, лажат и уништуваат. Бедата која тие ја донесоа не смее да продолжи. Токму затоа неопходни се предвремени парламентарни избори за конечно да си замине оваа криминално рекетарска влада на СДСМ и да започне обновата на Македонија“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon

Повеќе

Британската и македонската Влада денеска во Лондон го потпишаа договорот за соработка. На договорот се потпишаа британскиот министер за извоз Гарет Томас и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, свеченото потпишување се одржа во историската зграда на Стариот Адмиралитет во Лондон. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 5 милијарди фунти (6 милијарди евра) за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. „Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, го гледаме како нешто што ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво. Денес потпишуваме Договор Влада со Влада за развојни-инфраструктурни проекти во клучни сектори, како што се: транспорт, образование, животна средина, информатичка технологија, како и други сектори кои што ќе ги развиваме, тука е здравството, но и образованието и ќе продолжиме да соработуваме во претстојниот период. Навистина сме благодарни што Обединетото Кралство, со својот Инструмент за поддршка на надворешно финансирање, постави рамка од 5 милијарди фунти, што е најголемиот договор што Македонија го потпишала во својата историја во однос на економијата. Навистина сме благодарни за тоа и ова го гледаме како одлична можност за целата држава да се развива. Веќе имаме три проекти кои што се подготвени. Тоа е проектот за брзата железница на Коридорот 10, здравствениот проект за болници и секако проектот за образование, за Медицинскиот факултет, а во претстојниот период ќе бараме нови проекти во секторите за енергетика и животна средина, но и други проекти секако“, изјави Николоски по потпишувањето. Министерот за извоз Томас рече дека ова партнерство „отвора ново поглавје во нашите билатерални односи со Северна Македонија“. „Велика Британија има богато искуство во испораката на висококвалитетна инфраструктура низ целиот свет и среќен сум што го започнувам ова ново партнерство што ќе им помогне на повеќе британски бизниси да извезуваат во Северна Македонија“, рече Томас. Од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство во првиот циклус од пет години ќе се повлечат околу 2,2 милијарди евра, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во емисијата „360 степени“. „Две милијарди на пет години се по 400 милиони евра. Толку е годишното зголемување на јавниот долг по однос на овие инвестиции кои, од друга страна, ќе придонесат за раст на економијата. Никаде не пишува дека имаме задолжително повлекување на петте милијарди, а британската Влада гарантира дека Македонија кога ќе ги земе кредитите, ќе ги врати“, рече Димитриеска-Кочоска. Министерката рече дека таа не може да даде повеќе детали за парите, висината на каматата и се останато, се додека не добие готов проект на маса. „Ќе мора да седнеме и со министерот за транспорт да се разговара да каже кои се проектите и потоа ние како Министерство за финансии, покрај што ќе добиеме понуда од банката по процедурите од финансии, ќе си побараме понуда и од други меѓународни институции, затоа што тоа го налага законот. Така што, во овој момент не би можела да зборувам повеќе детали затоа што немам зрел проект пуштен во Финансии, врз основа на кој ќе барам понуда од повеќе банки и ќе излезам да кажам колку е точно каматата би било несериозно. Она што го знам и го имам како информација, се разговара за клинички во Штип, болница во Кичево и онаа брза пруга“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Можеби сте пропуштиле

Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.