ВМРО-ДПМНЕ: Вицепремиерот Битиќи потврди дека Заев лаже
Денес вицепремиерот Фатмир Битиќи потврди дека Зоран Заев лаже,се наведува во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ на на прес конференцијата на Фатмир Битиќи.
Битиќи призна дека наместо милијарда евра, до граѓаните како помош за справување со ковид кризата како државна помош стигнале само 350 милиони евра, што е 3 и пол пати помалку од лажните бројки на Зоран Заев кој тврдеше дека 1 милијарда и 150 милиони евра завршиле како поддршка за справување со кризата.
Каде завршија 800 милиони евра за кои зборуваше влада до пред некое време?
Патем Зоран “Лажни Вести“ Заев тврдеше дека државата се задолжи цела 2020 година над една милијарда евра нов долг, наводно за поддршка на економијата во ковид криза, за сега да видиме дека поддршката изнесувала само 350 милиони евра.
Народот вели “кој лаже, тој и краде“. Заев видовме дека лаже за 800 милиони евра, е сега да видиме кај завршија тие пари. Стотиците милиони евра под превезот со ковид кризата завршија за изборен поткуп, за коруптивни зделки, за криминални тендери, за полнење на администрацијата, за набавки на службени возила, шампањи, бурбони, октоподи, шкампи и слично.
Народот и стопанството не добија ништо, ама затоа мафијата на власт доби многу од кризата. Сега станува јасно зошто Заев постојано повторуваше дека секоја криза е нова можност, само што тоа веројатно било можност за богатење на елитата на власт.
Сега е јасно зошто економијата тоне, 55 илјади луѓе останале на улица, зошто уште толку лица не земаат редовна плата, зошто имаме убедливо највисок пад на БДП, зошто сме најнесреќна и најсиромашна држава во Европа и на крајот зошто сме на 111 место на листата на Транспаренси
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ