ВМРО-ДПМНЕ бара дебата за Талат Џафери – доставија барање до Комисијата за деловнички прашања
ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање до претседателот на собраниската Комисија за деловнички и етички кодекс, да свика седница на која ќе се расправа за, како што рече пратеникот Антонио Милошовски, сериозни прекршувања на етичкиот кодекс од страна на пратеникот и претседател на Собранието Талат Џафери.
Станува збор за аудио снимката на која се слуша како спикерот вика и навредува вработени во службите на Собранието.Милошовси рече дека оваа снимка ќе биде доставена како материјал за кој ќе се расправа на седницата на Комисијата со која ќе претседава пратеникот Панчо Минов.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: