ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВМРО-ДПМНЕ бара да се одезмат сите предмети од СЈО и да се отвори постапка против обвинителите

Обвинителите од СЈО, да останат без предмети, било тие да се во фаза на пресуда, жалба или судски процес, а тие да станат дел од истаргата за „Рекет“, однсон да се испита нивната инволвираност во аферата.

Ова се дел од барањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со кои го дочека високиот америскански дипломат. Мицкоски го промовираше законот за Јавното обвинителство на неговата партија, но и направи паралела со оној на валдата, кој вели апсолутно не е прифатлив.

На обвинителите од СЈО им порача дека треба да се вратат во матичните обвинителства, а државниот обвинител Љубомир Јовевски да реши кој и каде ќе постапува понатаму за нивните предмети. Лидерот на опозицијата со порака и до премиерот – тврди Заев сака на сила да го донесе неговиот закон за обвинителство за да се заштити власта од одговорност за криминалите.

Во решението на опозицијата се најде и Катица Јанева. Мицкоски вели власта планира да ја унапреди што за нив е неприфатливо. Велат финансиската независност само за новото обвинителство е навреда за останатите обвинители.

ВМРО-ДПМНЕ предлага и одговорност за покренување неиздржани обвиненија. Притоа, посочува, штетата ќе треба да ја плати обвинителот кој ги покренал. Мицкоски вели со тоа се штити државата од како што рече формирање уште еден монарх. Односно, доколку падне обвинението обвинителот од свои пари да си плати штета.

Првиот опозиционер иу порача на владата да престане да игра политички иггри и како што вели да седне на маса за нивниот закон, за пописот, но и за предвремено параламентарни избори.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.