ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Влезот во НАТО ќе ја дигне цената на становите за 20%

За минимум 20 отсто ќе се зголемат цените на становите со влезот на земјава во НАТО. Сепак, влезот во Алијансата ќе го стабилизира и пазарот на недвижности. Градежните компании велат дека е неминовно да се зголеми цената, со оглед на тоа што веќе поскапеа градежните материјали.

-Ако сакаме да имаме квалитетни градби, цените треба да бидат на ниво и секоја година да се зголемуваат за одреден процент затоа што постојано се зголемуваат градежните материјали и услугите. Ако дојдеме во ситуација да не се зголемува цената на становите, а се останато се зголемува, тогаш тоа ќе влијае на квалитетот, вели Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија.

Јакимовски препорачува дека сега е време да се инвестира во недвижности, бидејќи откако земјата ќе влезе во НАТО, ќе се зголеми нивната вредност.

Бизнисмените велат дека во Македонија се градат квалитетни станови и оти во делот на енергетската ефикасност градбите се над стандардите кои ги предлага Европа. Бизнисмените не стравуваат дека изградените станови нема да се продадат бидејќи, како што велат, се што е квалитетно изградено, ќе се продаде.

Голем проблем во овој сектор е и недостатокот на работна сила, бидејќи градежниците одат на работа во Германија и останатите европски земји. Бизнисмените се свесни дека треба да ги зголемат платите за да ги задржат работниците.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.