Владо Бучковски именуван за специјален претставник на македонска Влада за Бугарија
Владо Бучковски, поранешниот премиер на Македонија, е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија, потврди за ТВ21 владиниот портпарол Душко Арсовски.
Владата го именуваше Бучковски на оваа позиција на денешната владина седница.
Бучковски покрај премиер, беше и екс министер за одбрана, како и лидер на СДСН. Во последно време е присутен во медиумите во Бугарија.
Тој е универзитетски протесок по Римско право, а работи и на бугарскиот државен универзитет Уни БИТ.
Пред една недела, Бучковски гостуваше и во ТВ21 на „Клик Плус“ заедно со екс премиерот Љубчо Георгиевски каде што се зборуваше за македонско-бугарскиот спор.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: