Владата усвои заклучоци за превентивата и безбедноста во училиштата и на учениците
Владата укажува и препорачува на сите основни и средни училишта преку општините/Град Скопје, да формираат стручни тимови на ниво на секоја од општините/Град Скопје, во соработка со стручните служби на Меѓуопштинските центри за социјална работа. Фокус на работа на овие тимови е предвидено да бидат разговори – поединечно со секое дете/ученик во училиштето.
Владата укажува и препорачува на сите основни и средни училишта во Република Северна Македонија да одржат состаноци со сите родители на тема подобрување на процесите, безбедноста, организацијата и состојбите во основните и средните училишта во Република Северна Македонија.
Препораката на Владата се однесува посебно на задолжување на директорите на основните и на средните училишта, да организираат состаноци на училишните одбри и на советите на родители, како и родителски средби.
На овие состаноци е предвидено да се разговара за взаемните одговорности околу превентивните мерки за заштита на учениците во училиштата, со посочувања на одредбите од Законот за семејство и од Кривичниот закон, во функција на безбедноста на учениците.Владата им укажува и препорачува на општините/Град Скопје, да ги задолжат директорите на основните и средни училишта, да направат организација и протокол за начинот на користење на мобилните телефони на учениците и наставниците, за време на часовите и во просториите на училиштата. Се посочува дека користењето мобилни телефони во училниците е потребно да се ограничи, со цел да се поттикне дискусија, размена на идеи, отворени разговори, фокусирање на содржината на учење.
Владата на Република Северна Македонија им укажува и препорачува на општините/Град Скопје, во координација со училиштата да ги следат следните препораки: