ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Владата по неколку пати промовира иста мерка – начинот на аплицирање се уште не е објавен

Министерот за економија Крешник Бектеши и министерката за финансија Нина Ангеловска уште еднаш го претставија третиот пакет економски мерки кој предвидува директна поддршка за домашната економија и нејзино закрепнување по периодот на пандемијата со Ковид-19.

„Минатата недела, со донесување на третиот пакет, кој има за главана цел, финансиска поддршка преку директната поддршка на граѓаните и економијата, да се оживее економијата. Овој трет пакет на мерки е со вредност од 355 милиони евра и ќе опфати 730 корисници“, истакна Крешник Бектеши.

Истиот пакет во неделата го претстави премиерот Оливер Спасовски

Ова е четвртиот пат што се презентира третиот пакет мерки, само во Влада, а е презентиран и пред седиштата на СДСМ и ДУИ.

По неколкуте презентирања и промовирање на овој пакет, министрите постојано апелираат за искористување на мерките и аплицирање за истите но граѓаните се уште не знаат како да го направат тоа бидејќи се уште нема уредба со законска сила и не е објавен начинот за аплицирање.

Третиот пакет мерки овозможува, преку платежни картички и ваучери и се помага локалниот туризам, локалните производи и економската помош за младите. А  првиот и вториот економски пакет имаат главна цел да ја зголемат ликвидноста на деловниот сектор и да одржуваат работни места. Инаку пред неколку дена аналитичарот Висар Адеми, за ТВ21 рече дека економските мерки повеќе се за купување гласови пред избори отколку за оживување на економијата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.