ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Владата понуди помош за решавање на проблемот со парното – Арсовска без одговор дали ја прифаќа понудата Градот да помогне со 1 милион евра

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска без одговор дали ја прифаќа понудата на Владата, Градот да помогне со 1 милион евра, а од државната каса да се одвојат 5 милиони за да се надмине проблемот со парното грееење во Скопје. Од нејзината прес служба не упатија да се повикаме на соопшението каде ја повикуваат Владата да не вперува прст во нив, и дека тие не се надлежни за решавање на проблемот со парното бидејќи Регулаторна не дала лиценца на градското јавно претспријатие Градски енергетски систем. За потоа топката да ја префрлат на  Претседателот на Советот, Трајко Славески, кој пак е дециден дека Градот не е надлежен и дека  нема ниту пари во градската каса.

Од Општина Чаир пак каде е Топланата Скопје Север велат дека се уште не го добиле предлогот на Владата, а кога ќе го добијат ќе се изјаснаат  дали ќе одвојаат пари од општинската каса.

Молк и од БЕГ. Од таму ниту денеска немаат одговор дали владиниот предлог за помош од 6 милиони евра ќе биде доволен за набавка на природен гас.

Планот кој вчера го презнетираше Владата и Регулаторна е  80 проценти од разликата меѓу актуелната и реалната цена на топлинската енергија, која зависи исклучиво од цената на природниот гас, да ги надополнат тие, а 20  проценти Град Скопје и Општините. Или пет милиони евра ќе бидат од државниот буџет, а 1 од општинските каси.Парите  директно ќе се уплаќаат на сметка на приватните компании лиценцирани за снабдување со топлинска енергија за се покрие разликата мегу актуелната и реалната цена на парното. Или во превод, Регулаторна пак ќе прави нова реална пресметка  и ќе има повторно покачување на цената на парното, со која граѓаните нема да бидат опфатени. Тие ќе плаќаат 14 проценти повисоки сметки како што беше одлучено на 31 декември минатата година.

Претседателот на Регулаторна Бислимоски, кога се носеше одлуката цената на парнотозна Скопјани да порасне за 14 проценти, тврдеше дека реалното покачување базирано на цената на гасот требало да биде 200 проценти и кажа дека недостасуваат 9 милиони евра за гас за јануари. И тогаш ги повика на помош Владата, Градот Скопје и општините, за целиот товар од кризата да не падне врз грбот на граѓаните. Од Владата сега уверуваат дека тие 6 милиони евра ќе се доволни за надминување на кризата со топлинската енергија за целата грејна сезона.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.