Владата не планира да ја зголеми сумата за справување со енергетската криза
Иако ЕСМ за само неколку дена потроши над 10 милиони евра за набавка на над 50 илјади мегавати стурја, Владата планира со 65 милиони евра да се справува со енергетската криза во следните шест месеци. Вицепремиерот Битиќи вели дека со овие средства ќе се набавува јаглен и електрична енергија. Уверува дека граѓаните не треба да бидат загрижени, затоа што сосотјбата се следи.
Првите количини на јагленот за Тец Осломеј ќе пристигнат на први декември кога се очекува со работа да почне оваа централа. Тогаш ќе се знае и колку ќе биде неговата цена. ОД ЕСМ велат дека дневно ќе притигнуваат по 1.500 тони.
Во моментов РЕК Осломеј има залиха од 60 до 70 .000 тони јаглен, но ќе се зголемува. Што се однесува до РЕК Битола денеска завршува финансиската евалуација на понудите и во вторник треба да се донесе одлука, велат од ЕСМ.
Од следниот месец надлежните очекуваат со работа да почне и ТЕЦ Неготино, централата која повеќе од 10 годиини не работи. Но вклучувањето на третиот блок во РЕК поради хаваријата која се случи пред извесно време ќе биде водложено до крајот на годината.
Инаку РЕК Битола и денеска се соочи со проблеми во работата. Битиќи го оцени како мал проблем и посочи дека се случуваат главно поради застареност на објектите. И покрај честите проблеми во РЕК, а пред неколку дена и дефектот кој се јави во централата Вруток, Битиќи уверува дека домашното производство е под контрола.
Во меѓувреме цената на струјата на берзите никако да падне под 200 евра за мегават час.