ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Владата е уверена дека 2019 ќе биде година на економски раст

Големи се очекувањата на Владата за економски раст оваа година. Премиерот се уште смета дека до завршувањето на мандатот просечната плата во Македонија ќе биде 500 евра, што практично беше нивно најголемо предизборно ветување.

Годината која измина беше посветена на евроатлантските интеграции, а новата 2019 ќе биде година на економски раст – ова е пораката која Премиерот Заев и министерот за финансии Тевдовски ја упатија во првото обраќање годинава. Двајцата се пофалија за досега постигнатите резултати. Велат дека промовирале правично оданочување, социјална заштита и реформиран пензиски систем. Премиерот најави покачување на минималната плата, но не откри детали за тоа колку и кога би се случило.

Министерот за финансии Драган Тевдовски пак, се пофали дека невработеноста паднала за 9 проценти и очекува таа дополнително да опаѓа. Позитивно за него е и тоа што јавниот долг, како што вели е ставен под контрола. Очекува раст на платите, особено во медицината и образованието.

Фокусот за годинава како што најавија Заев и Тевдовски ќе се капиталните инвестиции. Во преден план велат дека ќе биде развојот на инфраструктурата, изградба на автопати, пругата кон Бугарија и гасификација на земјата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.