ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Владата денеска ќе ја одржи првата редовна седница во 2020 година

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи првата редовна седница во 2020 година со неколку точки на дневен ред.

На оваа седница ќе се разгледа и ќе се донесе одлука по Предлогот за определување на заменици на претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

Владата денеска ќе го разгледа и ќе донесе одлука за Предлогот за именување на претседатели и членови на основните комисии на Владата на Република Северна Македонија, како и по предлогот за именување на претседатели и членови на посебните комисии на Владата на Република Северна Македонија.

Седницата на Владата на Република Северна Македонија се очекува да започне во 11:00 часот и со неа ќе претседава претседателот на Владата, Оливер Спасовски.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.