ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Владата го презентираше третиот пакет на економски мерки за справување со последиците од Ковид- 19

Третиот пакет мерки ќе изнесува 355 милиони евра, или 5,5 отсто од бруто домашниот производ, а со него ќе бидат опфатени 730.000 корисници.

Според премиерот Спасовски со овој сет мерки се оди еден чекор понатаму, а тоа е ревитализација, опоравување на економијата, стимулирање на потрошувачката и на индустријата и е диреткна помош од државата и на граѓаните и на стопанството.

Во новиот пакет се издвојуваат средства од 16 милиони евра за платежни катички за за околу 100 илајди граѓани. Тие ќе добијат платежна картичка вредна 9000 денари за купување македонски производи. Картички ќе може да добијат сите невработени лица или оние кои немаат над 15 илјади месечни примања или приматели на гарантирана минимална помош.

За стартапи ќе се издвојат 125 милиони евра за извозно ориентирани компании, како и гаранција за обезбедување на царински долг. Додека пка 25 милиони евра ќе бидат одвоени за приватен сектор за нов пазар, конкурентност и модернизација.

Се воведување викенд без ДДВ за сите граѓани, преку поевтини цени за граѓаните. Целта е да се поттикне потрушувачката и раст на приходите во одредени продажни сектори како што се продавници за облека , бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги., со ова ќе се слеат  20 милиони евра како дополнителен приход кои ќе се слеат во македонското стопанство, вели Спасовски 

За помош на земјоделците ќе се издвојат 76,1 милиони евра. Додека пак за вработените на Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здрвје, Центрите за јавно здрвје и членови на тимови на итна помош ќе добијат 20 осто повисока плата за 2 месеци преку домашна платежна картица..

Спасовски посочи дека дека третиот сет економски мерки е широко усогласен со експерти, стопанските комори, синдикатите и оти креирањето на мерките е направено максимално транспрентно и во целосно инклузивен процес.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.