ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Владата ги заобиколува сите одговори за петте закони со европско знаменце

Одговор без одговор. Вака денеска звучеше изјавата на премиерот Ковачевски дадена за европското знаменце на петте закони за реализација на Договорот со „Бехтел&Енка“. Директно прашан со која европска регулатива се усогласуваат петте закони кои се испратени во собранието со европско знаменеце, тој одговори дека законите обезбедуваат изградба на коридори кои десега земјава ги немала.

Ковачевски отиде и чекор понатаму и на директното прашањето дали владата добила зелено светло од Делгацијата на ЕУ за европското знаменце на петте закони, кратко одговори:

А токму амбасадорот Гир во име на Европската унија денеска уште еднаш повтори, дека тие не се согласуваат со европското знаменце на законите поврзани со реализација на Договорот со Бехтел и Енка.

„Причината поради која го покренав прашањето за европското знаменце е затоа што ова прашање многу често го отвораме, најчесто во годишните извештаи, велејќи дека употребата на европскотот знаменце треба да се направи умерено и да се обезбедат соодветни консултации. Тоа може да се користи единствено во случаи кога има усогласување со европските закони и практики. Како што веќе кажав, тоа сега не е случај“, изјави Гир.

Делегацијата на Европската унија реагираше на европското знаменце веднаш штом владата соопшти дека така означени ќе ги испрати петте закони во Собранието – но одговорот на вицепремиерот Бојан Маричиќ беше дека ЕУ била информирана за сините знаменца на законите пред владата да ја донесе таа одлука. Но она што досега ниту еден владин претставник, вклучително и премиерот Ковачевски, отворено не го кажува е дали одговорот од ЕУ на тоа било јасно – „не“. Телма дознава дека токму таков договор добила владата од Делгацијата на ЕУ, но оти решила да го игнорирала.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.