ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Владата верува дека фирмите ќе ја добијат ветената помош за субвенции на платите и за октомври

Предлог ребалансот најверојатно во вторник ќе се најде на пленарна седница пред пратениците, по што се очекува да биде изгласан до крајот на неделата. Амандманската расправа за ребалансот заврши вчера во ресорната комисија. Заменик министрот за финанси Димитар Ковачевски уверува дека сите ветени владини мерки ќе бидат навремено реализирани, вкучувајќи и исплата на субвенционираните плати на компаниите. Најви дека и за октомври ќе се добие оваа субвенција.

„Вчера почнаа да се оперализираат односно да се институцијализираат преку соодветни одлуки и законски измени на седница на Влада. Ликвидноста на буџетот е во состојба да ги исплати сите обврски кои што ги има Владата кон сите буџетски корисници и за сите трансфери“, вели Димитар Ковачевски-Заменик минстер за финансии.

Предлог законот за финансиска помош на компаниите вчера беше усвоен од страна на Владата. Допрва треба да биде испратен до Собранието на разгледување и негово гласање. Од опозициската ВМРО ДПМНЕ велат дека законот ќе го поддржат, но краток е рокот за пет дена да стапи на сила и навремено да се реализира.

„Има некоја најава дека ќе стигне во понеделник или вторник тоа е 26 односно 27 октомрви, а за да може да важи треба да биде усвоен пред први ноември. Да е нотаријат македонското Собрание, а не Собрание, нема да може за четири или пет дена да ја заврши работата, што само покажува каков несериозен однос има од Владата“, Александар Николовски- ВМРО -ДПМНЕ.

Компаниите ќе имаат рок до седми ноември да побараат државна помош за исплата на платите за октомври, додека за наредните две плати тоа е до седми декември и јануари. Помош ќе добиваат компаниите кои имаат намалени приходи од 40 отсто или повеќе. Во зависнот од падот на приходите висината на парите дадени од државата ќе бидат различни и ќе се движат од 14.5000 па се до 21,770 денари по вработен.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.