ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Вкупно 211 години затвор за крвавиот четврток-за обвинителката, правдата е задоволена

Правдата е задоволена, изјави обвинителката Ивана Трајчева, по објавувањето на пресудите за крвавите настани од 27 април.

-Од 17 обвинети, за 16 има пресуда и во таа смисла правдата е задоволена, рече Трајчева.

За Игор Дурловски, кој беше ослободен од обвинението, обвинителката рече дека тие останале на првичното обвинение и откако ќе ја добијат пресудата од Судот и ќе ги видат околностите врз основа на кои била донесена, ќе оценат дали ќе поднесат жалба.

Драгонската казна за Чавков не е изненадување рече неговиот адвокат Сашо Дуковски. Тој не сакаше да ги коментира наводите во пресудата рече дека ,,пресудата била донесена уште на стартот на судењето“.

Чавков како носител на златната команда на МВР на 27 април, иако знаел дека толпата влегла во Собранието, не дал наредба полицијата да дејствува. Тој доби казна од 18 години затвор, што е за две години помалку од законскиот максимум. Дуковски најави дека ќе поднесат жалба за пресудата, но и дека ќе се жалат и до Судот во Стразбур.

За истото дело, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на земјата се осудени и Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Мунир Пепиќ, Јане Ченто, Влатко Трајковски Никола Митревски Кољо на по 15 години затвор, Вилијам Михајловски на 14 години затвор, Оливер Поповски на 13 години затвор, Игор Југ, Младен Додевски, Горанче Ангеловски на 12 години затвор, Александар Василевски Нинџа на 8 години и Абдуљфета Алими на 7 години затвор.

Оливер Радулов доби 10 години затвор за помагање во кривичното дело.

Игор Дурловски кој беше ослободен од обвинението затоа што според Кацарска иако тој  бил во Собранието, не сторил насилство, не даде изјава.

Дурловски, за разлика од останатите водачи на протестите „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски кои добија амнестија, не поднесе барање.

Александар Василевски Нинџа најави дека ќе бара куќен притвор, истакнувајќи дека нема намера да бега и доколку му биде потврдена пресудата, ќе ја издржи казната во целост.

-Тој беше еднствениот од сите обвинети кој кажа што се случило и затоа доби затворска казна под законскиот минимум. Затоа барам куќен притвор за Василевски, рече Давидовиќ.

За Пешов, Лазаров Ѓошевски, Поповски, Радулов, Пепиќ и Алими обвинителката побара да им биде одреден притвор поради опасност од бегство до правосилноста на пресудата, односно до започнување на издржување на казната затвор.

За Чавков и останатите кои се веќе во притвор, побарано е продолжување на мерката.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.