ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Вкупно пет лица, вклучително и организаторот на протестот се приведени во Тетово

Уште двајца приведени денеска, вкупно пет, по вчерашните инциденти за време на протестот поради трагедијата во модуларната болница во Тетово.. 

Полицијата претпладнево уапси уште две лица на возраст од 33 и 30 години, кои учествувале на вчерашниот протест во Тетово на кој се бараше правда за загинатите во пожарот во модуларната болница . Според полицијата тие се однесувале агресивно и физички нападнале полициски службеници. Со ова, за инцидентите кои се случија на протестот досега вкупно се приведени петмина, а полесно се повредени четворица полицајци. Меѓу тројцата, кои беа приведени вчера е и организаторот на протесестите Блерим Ахмеди, кој на јавноста и е познат и како организатор на протестите кои се случија во Скопје во февруари годинава за затворските казни во случајот „Монструм“, а кои исто така завршија со инциденти…

Вчерашните инциденти во Тетово следуваа по протестниот марш од плоштадот до општината со кој се побара одговорност за 14 луѓе кои пред десет дена ги загубија животите во пожарот во модуларната болница. Дел од демонстрантите продолжија кон седиштето на ДУИ во Мала Речица, каде се судрија со полицијата. Од ДУИ, како и вчера така и денеска ја посочија опозицијата дека стои зад инцидентите, по што синоќа реагираа од Алијанса за албаниците и Алтернатива кои ги отфрлија обвинувањата дека протестот бил организиран од албанската опозиција, а присуството на нивните членови го оценија како чин на граѓанска свест и одговорност.

„ Ние имаме директни докази дека се вмешани претставници од опозицијата и бараме да не ја злоупотребуваат оваа трагедија. “

Во меѓувреме интензивно се одвива истрагата преку која ќе треба да се утврдат причините за избувнувањето на пожарот во тетовската модуларната ковид болница, уверуваат од обвинителството, кое од завчера е засилено и со германските форензичари. Од таму велат дека во моментов се сослушуваат сведоци, а се прибираат и материјални докази. Во истовреме, обвинителството за гонење на организиран криминал со кое раководи Русковска ја проверува документацијата за набавката на модуларните болници.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.