„ВИКЕНД БЕЗ ДДВ“: Еве што требa да знаете за скенирањето сметки
Граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ, за фискалните сметки издадени на деновите 10, 11 и 12 октомври 2020 година, за вкупниот промет до 30.000 денари по лице, остварен од македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема (http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/povlasteni_danocni_stapki/pregled/8), со скенирање на сметките преку апликацијата МојДДВ, ќе може да го вратат целосниот износ на пресметаниот ДДВ за овие производи во фискалните сметки, информираат од УЈП.
За враќање на целиот износ на данокот, граѓаните треба да ги скенираат фискалните сметки во рок од 3 дена по нивното издавање, а доколку ги скенираат по истекот на овој рок, враќањето на ДДВ за овие производи ќе продолжи како до сега, односно ќе се пресметува со 20% од платениот ДДВ во фискалната сметка исто така и надминатиот износ од вкупниот промет ќе се пресметува согласно редовната пресметка односно 20 %.Враќањето на целосниот износ на ДДВ ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на скенираните сметки.