ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Виена ги обвинува Балканциите за „увоз на ковид“, повеќето од заразените се од БиХ и Србија

Голем број граѓани по потекло од Балканот, но и многу Австријци, „уморни“ од тешките епидемиолошки мерки и карантинот, отпатуваа во странство за време на зимскиот училишен распуст и божиќните празници

Според официјалните податоци на австриското Министерство за внатрешни работи, во првата недела од јануари се регистрирани голем број заразени со коронавирус кај туристите, особено од Балканот.

Најмногу заразени се „увезени“ од Босна, со 1 611 во првата недела од јануари и 822 во втората недела. Потоа следи Србија со 959 во првата недела од јануари, а 540 во втората. На трето место е Унгарија со 748, односно 121 случај.

За значителен драматичен пораст на бројот на заразени во Австрија придонесоа повратниците од Турција со 147, односно 403 случаи, потоа Романија со 161 и 295 и Хрватска со 180 и 579 случаи, велат од Министерството.

Голем број граѓани, по потекло од Балканот, но и многу Австријци, „уморни“ од тешките епидемиолошки мерки и карантинот, отпатуваа во странство за време на зимскиот училиштен распуст и божиќните празници.

И претходно, австриските власти ги обвинија лицата од Балканот за „увоз“ на ковид во земјата, минатото лето. За споредба, во 52-та календарска недела од минатата година, 1 771 заразени со коронавирусот се поврзани со враќањето од годишен одмор, а во првата недела од јануари тој број се зголеми на 4 917.

Во втората недела од јануари тој број остана на високо ниво со 4 278 случаи на заразени.

Со новите ковид-правила австриската Влада сака да дејствува против таквиот развој на настаните.

Така, од 1 февруари ќе стапи на сила одлуката за скратување на важноста на „зелениот пасош“ со што тие за вакцинираните со две дози, или прележани со една доза вакцина, ќе важи уште 180 дена.

За оние кои ја примиле и засилувачката доза, односно се прележани со две дози од вакцината, важноста на „зелениот пасош“ останува 270 дена.

Оние кои ја примиле третата доза од вакцината, односно прележале и се со две дози од вакцината, од понеделник можат да влезат во Австрија без дополнителни испитувања.

За другите, односно вакцинирани со две дози, или излекувани, се применува правилото „2Г плус“, односно потребен е дополнителен ПЦР-тест за да не мора да бидат ставени во карантин.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon

Можеби сте пропуштиле

Британската и македонската Влада денеска во Лондон го потпишаа договорот за соработка. На договорот се потпишаа британскиот министер за извоз Гарет Томас и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, свеченото потпишување се одржа во историската зграда на Стариот Адмиралитет во Лондон. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 5 милијарди фунти (6 милијарди евра) за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. „Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, го гледаме како нешто што ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво. Денес потпишуваме Договор Влада со Влада за развојни-инфраструктурни проекти во клучни сектори, како што се: транспорт, образование, животна средина, информатичка технологија, како и други сектори кои што ќе ги развиваме, тука е здравството, но и образованието и ќе продолжиме да соработуваме во претстојниот период. Навистина сме благодарни што Обединетото Кралство, со својот Инструмент за поддршка на надворешно финансирање, постави рамка од 5 милијарди фунти, што е најголемиот договор што Македонија го потпишала во својата историја во однос на економијата. Навистина сме благодарни за тоа и ова го гледаме како одлична можност за целата држава да се развива. Веќе имаме три проекти кои што се подготвени. Тоа е проектот за брзата железница на Коридорот 10, здравствениот проект за болници и секако проектот за образование, за Медицинскиот факултет, а во претстојниот период ќе бараме нови проекти во секторите за енергетика и животна средина, но и други проекти секако“, изјави Николоски по потпишувањето. Министерот за извоз Томас рече дека ова партнерство „отвора ново поглавје во нашите билатерални односи со Северна Македонија“. „Велика Британија има богато искуство во испораката на висококвалитетна инфраструктура низ целиот свет и среќен сум што го започнувам ова ново партнерство што ќе им помогне на повеќе британски бизниси да извезуваат во Северна Македонија“, рече Томас. Од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство во првиот циклус од пет години ќе се повлечат околу 2,2 милијарди евра, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во емисијата „360 степени“. „Две милијарди на пет години се по 400 милиони евра. Толку е годишното зголемување на јавниот долг по однос на овие инвестиции кои, од друга страна, ќе придонесат за раст на економијата. Никаде не пишува дека имаме задолжително повлекување на петте милијарди, а британската Влада гарантира дека Македонија кога ќе ги земе кредитите, ќе ги врати“, рече Димитриеска-Кочоска. Министерката рече дека таа не може да даде повеќе детали за парите, висината на каматата и се останато, се додека не добие готов проект на маса. „Ќе мора да седнеме и со министерот за транспорт да се разговара да каже кои се проектите и потоа ние како Министерство за финансии, покрај што ќе добиеме понуда од банката по процедурите од финансии, ќе си побараме понуда и од други меѓународни институции, затоа што тоа го налага законот. Така што, во овој момент не би можела да зборувам повеќе детали затоа што немам зрел проект пуштен во Финансии, врз основа на кој ќе барам понуда од повеќе банки и ќе излезам да кажам колку е точно каматата би било несериозно. Она што го знам и го имам како информација, се разговара за клинички во Штип, болница во Кичево и онаа брза пруга“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.