(ВИДЕО) САД им се заблагодарија на ирачките власти за веројатната ливидација на ал-Багдади
Вашингон во неделата им се залблагодари на ирачките власти за улогата што ја одиграле во специјалната операција во којашто најверојатно е убиен водачот на ултрарадикалната сунитска џихадистичка организација Исламска држава, Аби Бакр ал-Багдади, пренесува телевизијата Al Arabiya.
Според сознанијата на телевизијата, ирачкото разузнавање на американските сили им го покажале местото каде што се криел ал-Багдди. Благодареноста од американската администрација била испратена до кабинетот на ирачкиот премеир Адел Абдел Махди, се наведува во прилогот.
Претходно во агенциските извештаи, исто така, беше наведено дека разузнавачките служби на Ирак помогнале да се утврди локација на лидерот на Исламската држава. Во операцијата за којашто се верува дека резултирала со елиминација на ал-Багддади во селото Бариша во сириската покраина Идлиб, биле вклучени осум американски хеликоптери и две беспилотни летала. Според извори од ирачките безбедносни сили, операцијата во Идлиб била изведена ноќта кон неделата, и траеле час и половина во кој бил извршен десант. Се наведува, исто така, дека во претходно изведениот воздушен удар врз куќата за која постоеле информации дека се крие ал-Багдади во обидот своето семејство да го извлече кон Турција, биле убиен и двете негови сопруги и уште шест други лица, меѓу кои и едно дете. Истовремено, специјалните служби не ја исклучуваат можноста ал-Багдади и неговите жени да активирале експлозивни направи за да не бидат заробени.
Списанието Newsweek објави дека водачот на Исламската држава бил убиен во сабоата во текот на операцијата на американските специјалци. Според неговите сознанија, операцијата била спроведена од Здружената компана за специјални операции на Пентагон по добивањето на реелвантни доверливи разузнавачки информации. Портпаролот на американските копнени војски, кој бил информиран за резултатите од операцијата, рекол за Newsweek дека ал-Багдади е ликвидиран.
Во меѓувреме, како што пренесува ирачката новинска агенција INA, повикувајќи се неименуван висок извор во ирачкото разузнавање, лидерите на Исламската држава, нивните помошници и членови на таканаречениот совет – Шура, „се наоѓаат во шок“. „По убиството на нивниот идер, во нивните редови дојде до раскол“, истакнал соговорникот на агенцијата. Додал дека заедно со ал-Багдади бил убиени и терористот Газван ал-Рауи, кој бил шеф на обезбедувањето на водачот на Исламската држава, како и неколкумина Ирачани, кои биле дел од раководството на џихадистичката организација.
Верзии дека водачот на Исламска држава е убиен, повеќепати беа пласирани во медиумите изминатите години, но досега ниедна од нив не беше официјално потврдена. Повеќепати досега беа пласирани информации за неговата наводна смрт. Уште пролетта 2016 година, некои медиуми објавуваа пред три години дека бил тешко ранет и оти починал во болница во Рака, каде што работат многу западни лекари кои ѝ се придружиле на Исламската држава и има опремени болници. Подоцна редовно овие шпекулации беа демантирани.
Уште кон крајот на април 2015 година ирачката новинска агенција Waradana повикувајќи се на свои извори во градот Мосул објави дека водачите на борците на Исламска држава во овој град во северен Ирак му се заколнале на верноста на новиот „калиф“ Абу Алаа ал-Афри по потврдата на информациите за смртта на челникот познат како Абу Бакр ал-Багдади. „Командантите на организацијата (Исламска држава) го потврдија загинувањето на Абу Бакр ал-Багдади, ранет пред неколку дена за време на американски воздушен напад. Тој умрел на рацете на својот лекар во сирискиот град Рака (центар на калифатот – з.р.) каде што бил пренесен по ранувањето“, рекол тогаш соговорникот на агенцијата.
Заклетвата на воените команданти пред новиот „калиф“ на Исламската држава се одржала наводно во големата џамија „Садам“ во градот Талафаре во близина на Мосул. На социјалните мрежи и на интернет страниците на ирачките медиуми тогаш се известуваше дека новиот челник на фанатизираните исламисти од Исламската држава, кои демонстрираат невидена бруталност, е Абдурахман Мустафа ал-Шејхлар, попознат по прекарот Абу Алаа ал-Афри.
Дека ал-Багдади е веројатно убиен во американска воена операција во Сирија, во неделата пренесуваат ирански и ирачки извори, како и извори во саматат Сирија, а американскиот претседател Доналд Трамп најави „важни вести“ кои ќе ги објави ранот попладнетно во недела во Вашингтон.
Ирачката државна телевизија во неделата емитуваше снимки кои ги опиша како резулат на американската операција во Сирија во која наводни бил убиен ал-Багдади. Снимката е направена преку ден и прикажува кратер во земјата, како и расфрлани искинати крвави делови од облека, а една прикажува ноќна експлозија. Телевизијата цитира експерт за борбат против тероримот, кој потврдил дека ирачките разузнавачки сили помогнале во лоцирањето на ал-Багдади.
Американски функционр кој не сакал да биде именувано, за британската новинска агенција Reuters рекол дека ал-Багдади бил цел на ноќна операција, но не можел да каже дали таа била успешна.
Два ирачки разузнавачки извори и двајца ирански функционери рекле дека од Сирсија добиле потврда дека ал-Багдади е убиен. Командант на една од милитантите групации во северозападната сириска покраина Идлиб, рекол дека ал-Багдади е веројатно убиен во нападот во саботата по полноќ по локално време, во кој биле вклучени и хеликоптери и борбени авиони, а по тога и дејствување на конпени сили во селото Бариша, во близина на турската граница.
Пентагон засега не ја потврдува информацијата. Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR), чиешто седиште е во Лондон, објави дека во „двочасовниот напад се убиени девет лица, меѓу кои и две жени, и можно најмалку едно дете“. Една од зградите, за кои се верува дека била главната цел била погодена од воздух, пред специјалците да се спуштат со хеликоптери и да впуштат во пресметка на земјата, објави SOHR повикувајќи се на своите извори во Сирија
Кој е Абу Бакр ал-Багдади
За Ибрахим ас-Амараи (ал-Багдади), додека студирал на Багдадскиот универзитет, според колегите студенти се одликувал со својата тивка природа. Бил голем љубител на фудбалот, и притоа била крајно релогиозен.
Во 2003 година, по американската инвазија на Ирак, ал-Багдади ѝ се приклучил на армијата на подоцна егзекутираниот сунитски диктарот Садам Хусеин. Една година подоцна бил заробен, но припадници на терористичката мрежа Ал Каеда го извлекле, по што се приклучува на организацијата.
По неколку години, кога САД започнаа со повлекувањето на своите трупи од Ирак и почетокот на конфликтот во Сирија, ал-Багдади забележувајќи ѝ на Ал Каеда за недоволна радикалност, ја формира ултрарадикана сунитска организација Исламска држава, која во почетокот го носеше називот Исламска дражава во Ирак и на Левантот (ISIL) според историскиот средновековен калифат кој се простирал од Ирак до
Абу Бакр ал-Багдади, чие цело име е Ибрахим Авад Ибрахим ал-Бадри, застана на чело на Исламската држава во 2014 година, кога оваа групација објави дека не е задоволна од „неактивноста“ на глобалната исламистичка мрежа Ал Каеда, и се одвои од неа иако дотогаш важеше за нејзино крило во Ирак. Ал-Багдади, поранешен затворник од американскиот воен затвор во Гвантанамо, прв и последен пат се појави во јавноста во летото 2014 година кога џихадистите го заземаа вториот по големина ирачки град Мосул