ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Видео разговор Бајден – Си: Никому не му користи конфликтот

Речиси два часа траеше видео- разговорот помеѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Џинпинг на кој главна тема за дискусија била руско-украинската криза…

Иако од Белата Куќа се уште нема официјални информации за текот на разговорите, според информации од одредени светски медиуми, Бајден го предупредил својот колега дека Кина ќе плати голема цена доколку ја поддржи руската инвазија врз Украина но и дека земјата ќе се соочи со изолација.

Кинескиот претседател Си Џинпинг пак истакнал дека Кина и САД имаат заедничка одговорност да осигураат мир но и дека Украинската криза е нешто што не е во ничиј интерес

-Како постојани членки на Советот за безбедност на ООН и како двете најголеми светски економии, ние само што треба да го водиме развојот на релациите помеѓу Кина и САД на правилниот пат, треба да застанеме рамо до рамо и за нашата интернационална одговорност и да направиме обиди за да обезбедиме светски мир. – изјави Си.

Инаку разговорот помеѓу двата претседатели е прв по повеќе од пет месеци… Во меѓувреме рускиот претседател Владимир Путин пред стадионот Лужники во Москва во јавен говор пред насобраната маса го пофали единството на земјата.

-Ова навистина беше геноцид. Запирањетоа на тоа беше целта на оваа специјална операција. – изјави Путин

Би-Би Си објави дека голем дел од насобраните на стадионот биле присилно доведени. Кон крајот на обраќањето, државната руска телевизија ненадејно го прекина преносот а портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков веднаш по завршувањето на настанот кажа дека станувало збор за техничка неисправност.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.