ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

(Видео) Пакистан објави снимки од соборениот авион и од заробениот пилот

(Видео) Пакистан објави снимки од соборениот авион и од заробениот пилот
Пакистанската војска тврди дека во среда наутро соборила два индиски воени авиони кои го нарушиле воздушниот простор на земјата во спорниот регион Кашмир.
Телевизијата SAMAA објави снимка од падот на индискиот авион што го собориле пакистанските сили, пренесе Спутник.
Претходно „Ројтерс“ јави дека најмалку три пакистански авиони влегле во воздушниот простор над индискиот дел на Кашмир.
Пакистан објави и снимка од заробениот индиски пилот.
Во екот на напнатоста околу судирот на пакистанските и индиските борбени авиони, падна и индиски хеликоптер Ми- 17, пренесе „Раша тудеј“.
При тоа загинале двајца.
Хеликоптерот падна на територијата на Кашмир која ја контролира Индија, соопшти индиската полиција повикувајќи се на локалните медиуми.
Хеликоптерот падна во близина на градот Будгам, во индиската држава Јама, а најмалку две тела се најдени во остатоците на паднатиот хеликоптер.
Се тоа се случува во многу напната атмосфера, по судирот на борбените авиони на Индија и Пакистан над Кашмир
https://twitter.com/i/status/1100650352767045633
https://twitter.com/i/status/1100668012917604353
Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.