ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВИДЕО: Азербејџан обвинува дека Ерменија ја гранатира Тартарската област

Азербејџанското Министерство за одбрана денеска соопшти дека ерменската страна извршила артилериски напад врз областа Тартар во близина на спорната област Нагорно-Карабах.

„Рано изутрина, ерменските вооружени сили извршија напади врз градот Тартар и тартарската област, користејќи артилериски систем”, се наведува во соопштението.

Портпаролот на ерменското Министерство за одбрана Шушан Степанијан денеска објави дека армијата на Нагорно Карабах собори борбен авион на азербејџанската армија во јужниот дел на контактната линија во тој спорен регион, што Баку го демантираше.

„Единиците на одбранбената армија на Нагорно Карабах соборија непријателски авион во јужниот правец околу 08:30 часот. Ситуацијата е напната, но релативно стабилна”, напиша Степанијан на Фејсбук.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, Баку ја демантираше таа информација

„Информацијата на ерменската страна за наводното соборување на азербејџанскиот авион е лажна”, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана.

Ерменија и Азербејџан во саботата го постигнаа вториот договор за хуманитарен прекин на огнот, кој стапи на сила на полноќ по локално време, но двете земји веднаш започнаа меѓусебно да се обвинуваат за кршење на примирјето.

Обновените судири околу Нагорно Карабах избувнаа на 27 септември откако азербејџанските и ерменските сили се судрија на границата меѓу двете земји во текот на летото.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.