Вештачката интелигенција го олеснува животот, но кое е најлошото сценарио?
Технологијата и “дигиталниот живот” го променија светот, а веќе не може да си го замислиме секојдневието без компјутер, паметен телефон или интернет. Но, во нашиот “дигитален живот” полека влегува и вештачката интелигенција.
Прашањето кое се’ почесто се поставува е како ќе изгледа човечкиот живот во иднината, а токму на тоа прашање пробале да одговорат бројни иноватори, истражувачи, активисти, но и бизнисмени и политичари, во склоп на анкетата од истражувачкиот центар Пју во Вашингтон.
Речиси 1000 луѓе го дале своето мислење за иднината поврзана со вештачката интелигенција. Експертите предвидуваат дека таа ќе се поврзе во мрежата која ќе ја подобри ефикасноста на луѓето, но и ќе претставува потенцијална закана за човековата автономија и способност.