ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Вее снег во Брач, а невремето создава проблеми во Шибеник – вклучен црвен аларм во регионот

Jagodina, 9. decembra 2017. - Sneg veje Pomoravljem. Poceo je oko 18 sati pomesan sa kisom, a oko sat vremena kasnije, kise nije bilo, pada samo gust i vlazan sneg. FOTO TANJUG/ DUSAN ANICIC/ bg

Студениот бран и ниските температури пристигна во Далмација, но малкумина очекуваа снег.

Според „Далмацијаданас“, снег паѓа на врвот на Брач, на Видова Гора.

Температурата на некои места паднала помеѓу 10 и 15 Целзиусови степени во однос на температурите што беа за време на викендот.

Слободна Далмација пишува дека снегот паѓа и на Клис и на планините над 800 метри.

Видеото погледнете го ОВДЕ.

Во Македонија времето ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура, особено во северните делови.

Утринската темпереатура ќе се движи од нула до седум степени, а дневната температура од 10 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до шест, а дневната температура до 15 степени.

Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.