Вакцинацијата не треба да биде услов за патување, велат од СЗО
Вакцинацијата не треба да биде услов за патување во странство, изјавија од Светската здравствена организација (СЗО).
Потсетуваат дека овој став го имале уште на почетокот.
„Причината за ваквата позиција е фактот што досега во светот немаше еднаков пристап до вакцините против Ковид-19 и не треба да се додава уште една дискриминаторска мерка за луѓето кои немаат таков пристап“, изјави портпаролот Тарик Јашаревиќ.
СЗО го поддржува воведувањето „сертификати за дигитална вакцинација и работи на технолошките решенија за интероперабилноста на сертификатите што денеска се користат“.Во меѓувреме, неколку кинески производители на вакцини против коронавирусот соопштија дека изолирале високо заразна варијанта на делта сојот на вирусот и се подготвени да развијат вакцини за овој нов вид, што веќе се прошири во повеќе од 130 земји и региони.
foto unsplash.com