ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Вакцината „Спутник V“ модифицирана за употреба против „делта“ сојот на коронавирусот

Центарот „Гамалеја“ на Министерство за здравство на Русија разви варијанта на вакцината „Спутник V“ за „делта“ сојот на коронавирусот, изјави раководителот на институцијата, академик на Руската академија на науките Александар Гинцбург.

Гинцбург соопшти дека конструкцијата на вакцината е веќе „во фрижидер“, меѓутоа, рано е да се каже дали ќе биде поефикасна од претходната верзија, бидејќи е невозможно да се предвиди појава на нови, вклучително и поопасни мутации.

„Никој никогаш, извинете за баналноста, освен Господ Бог и Чарлс Дарвин, не знае како ќе се одвива еволуцијата. И јас не знам”, истакна тој.

Гинцбург појасни дека понекогаш лекарите не можат да му помогнат на пациентот да „издржи“ – кај оние кои не ја примиле вакцината, при заразување со „делта“ сојот, инфективниот процес се одвива 4-5 дена, а не неколку недели, како што е кај другите варијанти.

„Нашиот имунолошки систем развива антитела за 10-12-14 дена. Кај другите варијанти на коронавирусот тој успеваше да го стори тоа, па дури и генијалните медицински лица на интензивна нега им помагаа на болните да издржат додека не сработи имунолошкиот систем. А во случајот со „делта“ тие не успеваат“, изјави научникот за „Интерфакс“.

Руските експерти претходно говореа дека нема потреба од развој на нови вакцини, бидејќи постојните препарати исто така делуваат и против „делта“ сојот, но во иднина може да притребаат други решенија. Во меѓувреме, западните експерти соопштија дека се намалува ефикасноста на нивните вакцини.

Гинцбург смета дека за зголемување на ефикасноста на вакцината на компаниите Фајзер/БиоНТек е предлогот на Рускиот фонд за директни инвестиции за користење на „Спутник Лајт“ како бустер. Како што објасни тој, препаратот „Фајзер“ „има една фиксна конформација, додека „Спутник“, како кај природниот С-протеин, има многу од нив“. Затоа, неговиот спектар на неутрализирачки антитела е многу поширок, а „коктелот“ ќе биде многу поефикасен за борба против „делта“ сојот.

„Тоа е прекрасен, научно заснован предлог“, изјави првиот човек на Центарот „Гамалеја“.

Според податоците на Министерството за здравство на РФ, ефективноста на „Спутник V“ против „делта“ сојот изнесува 83%, притоа вакцината го намалува ризикот од развој на тешка форма на инфекција за 95%. Ефективноста на „Фајзер“, според некои податоци, се проценува на 42%, а на вакцината „Модерна“ – на 76% за истиот сој, пишува „Росијскаја газета“.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.