ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

„Буџет 2022“, почна расправата за амандманите

Денеска во собрансиката Комисија за финансирање и буџет почна расправата за амандманите на буџетот за 2022 година. Опозициската ВМРО ДПМНЕ предложи околу 220 амандмани со кои ќе побара од владината коалиција целосно да се рекомпонира делот од буџетот кој што е наменет за поддршка на земјоделството во државата. Според оваа партија не може повеќе да има милијарди и милијарди евра за набавка на мебел, луксузни возила за функционерите, партиски вработувања, договорни услуги и разни трансфери, а да нема за навремена исплата на субвенции, за набавка на современа земјоделска механизација, за зголемување на земјоделските капацитети и за потенцијална исплата на евентуални штети кои би им се случиле. Алсат

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.