ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во посета на Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска е во посета на Македонија, во очи на празникот Илинден но и по повод двегодишнината од потпишувањето на договорот за добрососедство, кој беше потпишан на 1 август 2017.

Тој пред платото на владата беше пречекан со високи државни и воени почести

Борисов и Заев имаа средба на која го разгледаа напредокот на соработката на билатерален и мултилатерален план, а двајцата премиери учествуваа и на церемонијата на полагање цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Борисов утре нема да оди на прославата на Мечкин Камен каде ќе се обрати премиерот Зоран Заев, премиерот на Бугарија заедно со македонскиот премиер , посетата ќе ја продолжи во Дојран каде ќе го откријат споменикот на полковникот Константин Каварналиев. По последната средба во Софија во мај годинава, Заев најави дека во близина на Дојран на местото каде го загубил животот, ќе биде подигнат споменик на Карарналиев, бележит лик од историјата на Бугарија од првата светска војна а како резултат на работата на двете комисии за заедничко одбележување на историски настани и личности. Борисов утринава ќе биде примен од претседателот Пендаровски.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.