Бугарската полиција во нова акција во минибус пронајде 43 мигранти

Бугарската полиција на 19 февруари пронајде минибус со 43 мигранти во близина на градот Ихтиман, 55 километри југоисточно од главниот град Софија, јавува БТВ.
Окружниот обвинител на Софија Наталија Николова изјави дека 10 од мигрантите се деца. Таа рече дека се чини оти сите мигранти се здрави.
Оваа акција, доаѓа откако бугарската полиција пронајде 18 мртви тела на мигранти во напуштен камион во село во близина на главниот град Софија.
Меѓу починатите имало и едно дете.
Според првичните информации, мигрантите починале од задушување.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: