ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Бугарија со владин авион ќе го пренесе секретарот на „Цар Борис Трети“ на лекување во Софија

Бугарија со владин авион ќе го транспортира нападнатиот секретар на бугарското здружение „Цар Борис Трети“ во Охрид и ќе го лекува во болница во Софија.

„Секретарот на културниот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков, кој беше жртва на тепање, со воено-транспортен авион „Спартан“ денеска ќе биде пренесен на лекување во Софија“, соопшти Амбасадата на Бугарија во Македонија.

За синоќешниот инцидент официјална Софија упати протестна нота на амбасадорката на Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска.

Бугарската страна за инцидентот ги информирала своите меѓународни партнери, институциите на ЕУ и теренската мисија на ОБСЕ во Скопје.

„Информациите до нив ја нагласуваат сериозноста на состојбата со правата на Бугарите во Северна Македонија и го изразуваат очекувањето на Бугарија дека овие прашања нема да бидат потценети, туку да се решат на соодветен начин“, се вели во објавата на Амбасадата на Бугарија во земјава.

Претходно осуда стигна и од претседателот Стево Пендаровски, како и од министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој побара институциите да го расчистат случајот, а напаѓачите да одговараат.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.