ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Бугарија се лути затоа што нивниот однос кон Македонија се споредува со оној на Русија и Украина

Источниот сосед реагира затоа што политиката на Бугарија се споредува со онаа на руската агресија во Украина.

Бугарија реагира затоа што според нив, македонски политичари и јавни личности  водат „злонамерна кампања против Бугарија чија цел е поттикнување на антибугарско расположение“.
Бугарското Министерство за надворешни работи(МНР) загрижено поради антибугарски коментари на македонски политичари. 

„Сметаме дека таквите цинични сугестии мора категорично да се отфрлат. Никој нема право да ја злоупотребува трагедијата на украинскиот народ на арогантен и непринципиелен начин. Министерството за надворешни работи изразува загриженост за можното негативно влијание на ваквата кампања врз позитивните трендови на политичкиот дијалог во последните месеци“, соопшти бугарското МНР.

Во изминатиов период, повеќе јавни личности кажаа дека она што Русија и го прави на Украина е слично со односот на Бугарија кон Македонија. И рускиот претседател Владимир Путин кажа дека рускиот и украинскиот се еден народ, и рече дека немаат лоши намери. 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.