ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Бугарија подготвува нови протести – гневот не се смирува

По масовните протести во Софија против буџетот за 2026 година, Бугарија се подготвува за нови демонстрации. Младите и опозицијата барајат оставки и политички промени.Демонстрациите пред зградата на парламентот во бугарскиот главен град Софија во понеделникот попладне беа толку големи што беше тешко човек да се пробие низ толпата.

„Никогаш не сум видел протест од генерацијата Z“, вели еден малку постар демонстрант.

И токму тогаш луѓето во близина почнуваат да скандираат: „Генерацијата Z нема да молчи!“

Што точно ги прави овие млади луѓе толку незадоволни?

Незадоволство од буџетот за 2026 и растечки даноци

Протестите кои започнаа минатата недела, се насочени против предлог буџетот на владата за 2026 година, со кој се укажува на тоа дека ќе има зголемувања на придонесите за социјално осигурување и на даноците.

Организациите на работодавачи и синдикатите го оценија предлог документот како „најлошиот буџет во последните 30 години“.

Минатата среда илјадници луѓе излегоа на улиците на Софија да протестираат. По протестот поранешниот премиер и лидер на владејачката централно-десничарска партија ГЕРБ, Бојко Борисов, објави дека владата ќе го повлече буџетот, но неколку дена подоцна одлуката беше поништена.

Многу млади луѓе беа бесни поради таквиот пресврт, а незадоволството низ целата земја продолжи да расте.Корупцијата, ниските плати и слободата на медиумите во фокусот

Гневот беше очигледен на социјалните медиуми, каде почнаа да доминираат темите демократија, корупција во Бугарија, ниски плати за млади лекари (кои масовно ја напуштаат земјата) и недостиг на слобода на печатот.

Прочуени пејачи, актери и влијателни личности почнаа да ги повикуваат луѓето да го покажат своето незадоволство и да учествуваат во протестот. Сè повеќе млади луѓе почнаа да излегуваат на улиците, а за многу од нив ова беше прв протест на кој учествуваат.

Софија, студентка по медицина, вели дека не бара многу, туку само да има причина да остане во Бугарија: „За мене е многу важно да останам тука и да помогнам, но во овој момент не сум сигурна дека условите ќе го дозволат тоа“, вели таа за ДВ.

Секој од демонстрантите има своја причина. Некои се бесни поради буџетот, на други им е најважна состојбата со образованието и здравството во земјата, трети се бесни поради големото зголемување на платите за полицијата, а сосема четврта група само сакаат „Бојко и Пеевски да си одат“, како што за ДВ објаснува младиот демонстрант Васил.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.