ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Бугарија во политичка криза – излезот не се гледа

Бугарија влегува во сериозна политичка криза која неизвесно е дали ќе се надмине и со нови – трети по ред вонредни парламентарни избори. По неуспехот на сите партии да формираат нова влада, но и според последните анкети, се навестува дека политичката блокада во која се најде Бугарија ќе трае уште долго. Соочен со ваквата ситуација, претседателот на Бугарија Румен Радев, денеска ги повика пратениците да почнат да работа зашто вработените и болниците можат да останат без пари, а пензионерите без пензии.

Не е толку важно кога ќе се одржат изборите, туку дали Собранието ќе успее да се мобилизира, за да заврши барем некоја од обврските. На грбот на пратениците е одговорноста за донесување на буџетот. Верувам дека тие нема да ги остават работниците, пензионерите, болниците, бизнисот без пари – изјави Румен Радев претседател на Бугарија.

Она што дополнително ја комплицира политичката ситуација е што во Бугарија се закажани и претседателски избори, а Радев вели дека е против уставно да се гласа заедно во ист ден на парламентарни и претседателски избори. Првиот круг претседателски избори е закажан за 14 ноември.

Треба да имаме предвид дека кризата се продлабочува, ќе треба да ги викаме граѓаните да гласаат три недели по ред а тоа е поврзано со трошење пари и време. Исто така изборната администрација ќе биде преоптоварена. Во секој случај ќе се обидат да најдам рационално решение – вели Радев.

Според медиумите Радев има две опции – или да ги распише парламентарните избори на 7 ноември, една недела пред претседателските или недела по претседателските. Последната анкета на јавното мислење покажува пораст на довербата на Герб и Борисов и најголем пад кај Слави Трифонов и партијата Има таков народ. Сепак, која и опција да ја избере Радев ова значи дека Бугарија до крајот на годинава тешко може да формира Влада, што го одлговлекува на неодреден рок отворањето на преговори со Македонија.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.