ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Брнабиќ: Отворањето на кластерот е признание за Србија, за зелената преродба 10 милијарди евра

Отворањето на кластерот четири во преговорите за членство со Европската унија е големо признание за Србија, изјави во Брисел премиерката на Србија Ана Брнабиќ и посочи дека за економската, енергетската и целта за заштита на животната средина ќе бидат потребни околу десет милијарди евра за Србија да се усогласи со трансформирањето во ЕУ во наредните децении.

Ана Брнабиќ тоа го изјави на прашање на агенцијата Бета за тоа колку финансиски средства се неопходни за „зелената трансформација” на економијата и зачувување на животната средина, откако денеска на меѓувладината конференција ЕУ-Србија беше отворен кластерот четири Зелена агенда и одржлива поврзаност кој опфаќа четири поглавја – Транспортна политика, Енергетика, Транс-европски мрежи и Животна средина и климатски промени.

Српската премиерка посочи дека со новата методологија за проширување на ЕУ сега се премина на политичко управување со процесот и нагласи дека српските власти имаат средства да продолжат со реформите, особено во областа на владеењето на правото, како и заштитата на животната средина и енергетска транзиција.

Извор: МИА

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.